Легенданиот македонски бенд „Ласт експедишн“, култните „Психомодо поп“ и „Дивље свиње“ се првите најавени имиња за годинашното, 18. по ред издание на фестивалот „Битола отворен град“, кое ќе се одржува од 26 до 30 јуни на различни локации низ Битола.
Фестивалот „Битола отворен град“ е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој 18 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола. Фестивалот е инспириран од потребата за нов пристап во промоцијата и презентирањето на културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика и визуелни уметности.
Организатор на фестивалот е МКЦ Битола, а повеќе информации за настанот се очекуваат наскоро.