Од утре, билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари.
Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8. до 14. септември.
На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број на промоции и саемски попусти.
Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и поддржан е од Министерството за култура на Република Македонија.
Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021, соопштија организаторите.