Радио Милева

Бил Козби прогласен за виновен: Го чека долга затворска казна!

Бил Козби прогласен за виновен: Го чека долга затворска казна!

Американскиот актер и комичар Бил Козби(80) е прогласен за виновен за сексуално злоставување по основ на три точки, од која за секоја поединечно носи затворска казна од десет години.

Актерот  беше под истрага за дрогирање и сексуален напад на поранешната кошаркарка и тренер Андре Констанд, од 2004 година.

Тој е обвинет за пенетрација без дозвола, пенетрација додека личноста е во несвест, како и пенетрација под  дејство на лекови.

Иако секоја казна носи по 10 години затвор, се шпекулира дека Козби ќе добие толку за сите заедно, со оглед на неговата возраст.

На поротата и требало повеќе од 14 часа за да ја донесе пресудата.

Foto: Tanjug/AP

To top