Играниот филм „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на 22-от „Софија филм фест“ кој ќе се одржува во март.
Организаторите посочуваат дека публиката на Софија филм фест ги познава и другите филмови на Манчевски – „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, наведувајќи дека последните два се копродукции со бугарско учество.
Соопштуваат за приказната во „Бикини Мун“, како и податоци од професионалната биографија на Манчевски, меѓу кои дека живее во Њујорк каде што станал предавач по режија на Факултетот за уметности, кино и телевизија на Њујоршкиот универзитет.
„Бикини Мун“ е петтиот игран филм на Милчо Манчевски и прв во кој не учествуваше Македонија. Се снимаше во Њујорк и премиерно беше прикажан во октомври на фестивал во Бразил.
извор:cooltura.mk