Радио Милева

Бијонсе пееше на свадбата на ќерката на најбогатиот човек во Индија

Бијонсе пееше на свадбата на ќерката на најбогатиот човек во Индија

Американската пејачка Бијонсе настапи на прослава што беше дел од раскошните свечености за најекстравагантната свадба во Индија.

Иша Амбани, ќерката на најбогатиот човек во Индија, неделава прави свадба со Ананд Пирамал, син на уште еден индиски милијардер.

Бијонсе е само една од многуте славни личности кои беа поканети на свадбата, како изведувачи и како гости.

Минатиот викенд Иша беше деверица на свадбата на индиската актерка и поранешна мисица Пријанка Чопра и американскиот пејач Ник Џонас. Двајцата веќе се дојдени на предсвадбените прослави за нејзината венчавка.

Embedded video

Filmfare

@filmfare

.@priyankachopra shakes a leg on Desi Girl at and ’s pre-wedding bash.

93 people are talking about this

Венчавката на Иша и Ананд ќе се одржи во среда, а Бијонсе настапи на една од свеченостите што се одржаа викендов.

Индиските свадбени прослави се познати по тоа што траат со денови, а кога станува збор за најбогатите луѓе во земјата, тоа значи раскош и славје цела недела.

Меѓу гостите поканети на свадбата се поранешната прва дама и државна секретарка на САД Хилари Клинтон, медиумскиот могул Аријана Хафингтон, тајкунот Лакшми Митал и други славни личности од целиот свет кои стигнуваат во Индија со 100 приватни чартер летови.

Мукеш Амбани, таткото на невестата, е најбогатиот човек во Индија и во Азија воопшто, како и 19-ти најбогат човек во светот, според Forbes.

Семејството Амбани живее во 27-катница во приватниот град Антилија во Мимбај, што се смета за најскапата куќа на светот вредна над 1 милијарда долари, со градини на повеќе нивоа и три хелидроми.

To top