Радио Милева приватни планови

„Би снимила ријалити за вонтелесно оплодување“ – Сека Алексиќ отворено за нејзините бизнис планови (фото)

„Би снимила ријалити за вонтелесно оплодување“ – Сека Алексиќ отворено за нејзините бизнис планови  (фото)

Би сакала да снимам ријалити  шоу  за вонтелесно оплодување, изјавила Сека Алексиќ, фолк ѕвезда која на  „Ин витро“ начин ги доби своите два сина.

Пејачката во едно интервју зборуваше за идејата за такво реално шоу, но и за Евровизија, „Ѕвезда Гранда“…

Откако ја прашаа дали би влегла во некое реално шоу? Таа отворено одговори дека „Ѕвездите на Гранд“ се здодевни и не би сакала да биде во жирито на „Гранд“, туку  призна дека и се премногу досадни, додека пак членовите на жирито постојано се караат и се навредуваат едни со други – одговорила Сека. 

– Не би учествувала во ниту едно реално шоу, туку би  снимала во моја режија! Сигурна сум дека би било интересно! Може да го гледаат деца и нормални, семејни луѓе, а не да се емитува само после полноќ. Не би снимала класично реално шоу и ако луѓето го следат мојот живот, кому му е гајле како живеам! Се сеќавате на моето реално шоу „Мојата десна рака“, тоа беше нешто сосема ново и поинакво.

И сега би сакала да направам некој ваков сериозен проект, можеби нешто за „Ин витро“ оплодување, бидејќи сакам да им дадам ветер во грб на жените кои не можат да забременат природно! – изјавила пејачката.

Фото: Пријалитиринтскрин/Инстагарм

 

To top