Тијана Дапчевиќ е комплетно предадена на природата.
Деновиве живее со полн планински дух, на скијање, без шминка и оптоварувања.
Таа од минатата зиска сезона почна да ги зема првите часови по скијање, а сега веќе стигна до нивото да се пушта сама по снежните падини без инструкторот.
Нејзиниот Инстаграм има доста фотографии и видеа од Копаоник каде престојува деновиве со синот Вук, а на една од фотографиите во крупен план го покажа своето лице без грам минка и тоа под силниот сончев зрак.
Дека природата и скијањето и годат, нема сомнеж, а кога човек се чувствува убаво, тоа се гледа.