Радио Милева дами

Безвременска убавина: Елена Стефановска, Татјана Стојановска, Вера Мештеровиќ и Светле Црнокрак се „дами со стил“

Безвременска убавина: Елена Стефановска, Татјана Стојановска, Вера Мештеровиќ и Светле Црнокрак се „дами со стил“

Некое непишано правило вели дека припадничките на понежниот пол не се прашуваат за години, а некои дами со текот на годините колку стануваат постари толку се позгодни, а за нив годините како да се бројка.

Македонската водителка Елена Стефановска живее „Живот со стил“ исто како и името на нејзината емисија.

Имено, во емисијата „Живот со стил“ која секоја недела се емитува на Канал 5, двајца натпреварувачи треба  да одберат модни парчиња за стајлинг, а подоцна жирито треба да го оцени тоа што го одбрале и нивниото модно издание.

Досега во улога на „модни судии“ се појавиле пејачи, водители, модни дизајнери…

Овојпат, кандидатките ќе ги оценуваат водителката Татијана Стојановска, Вера Мештеровиќ и Светле Црнокрак.

Домаќинката на емисијата, Стефановска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со трите дами кои изгледаат со стил.

-Безвременска убавина и префинет стил, наскоро во Живот со стил Моите гостинки се класичен пример за безвременска убавина.
Тања, Вера и Светле“, напиша таа покрај објавата.

Ќе се согласите дека нашите дами изгледаа модерно и со стил, а за нив годините се само бројка.

фото: Инстаграм/елена живот со стил/вера мештеровиќ/татијана стојановска/фс_црнокрак

To top