Радио Милева отворено кажа дека не и се допаѓа песната

Без влакна на јазикот: Гоца Тржан одговори на прозивките дека е љубоморна на српскиот претставник на Евровизија: „Кој е проблемот?“

Без влакна на јазикот: Гоца Тржан одговори на прозивките дека е љубоморна на српскиот претставник на Евровизија: „Кој е проблемот?“

Пејачката Гоца Тржан во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека не и се допаѓа евровизиската песна „Loco loco“ со која „Хурикејн“ ќе ја претставува Србија на Евровизија.

Многумина ја осудија Гоца дека е љубоморна, а токму по тој повод сега се огласи и пејачката.

фото: принтскрин/јутуб

„Дали кажав дека тоа не е добра песна? Јас реков дека претходната беше топ, не знам кој е проблемот што оваа не ми се допаѓа. Не значи дека девојките немаат шанса да победат. Преслатки се, имаат енергија како јас на тие години, само што се позгодни риби. Се што објаснувате со завист и љубомора, зборува за другите, не за мене. Не чувствувам завист, тоа не е препознатливо за мене, но кога некој ќе ме праша за мислење, јас отворено ќе кажам. Имав проблем и во “Ѕвездички“, јас не слушам домашна музика, не знам кој е проблемот?“, вели Тржан.

фото: принтскрин/јутуб

Инаку, познато е дека Гоца нема влакна на јазикот и секогаш го кажува своето мислење без разлика дали на некој ќе му се допадне или не.

To top