ТВ водителката Лила Филиповска не за џабе е највлијателната инфлуенсерка на социјалните мрежи во Македонија, привилегија и бизнис што и овозможува многу од нештата кои ги рекламира и промовира да допрат до нејзината армија следбеници.
Па така, Лила и овој месец мај очекувано го започна летото порано.
Ги спакува куферите и правец на аеродром- на лет кон Турција, односно Бодрум. Дестинација и хотели каде за претстојното лето им предлага на следбениците дека треба да биде нивниот и секако нејзиниот избор.
На Истаграм веднаш почна со објавите уште од аеродромот во Истамбул, а подоцна и од луксузниот холет каде е сместена.
View this post on Instagram
За тоа да нема дилема и прашалници околу тоа кој е придружбата на Лила и за џабе да не и се наметнуваат шпекулации – таа самата си откри кој е нејзиниот спонзор. Ако мислевте дека е маж, се лажете. Станува збор за дама е главното лице на туристичката агенција која ги спонзорира патувањата на Лила.
View this post on Instagram
А за довербата која и ја препишуваат, Лила ја опсипа со ласкави комплименти.
-Еве решив да ви го покажам мојот спонзор. Чест ми е што токму “таа е” ….успешна, упорна, професионална , ведра, вистинска лавица и мој “другар” и спонзор. Па нека иде живот.
Мима @voyager_touristic.
View this post on Instagram
На муабетите сега е ставена точка, но чисто се сомневаме дека ќе завршат вака.