Хармоникашот Аца Софронијевиќ се вери со својата девојка, убавата докторка, со која е во врска една година.
Имено, како што пишува „24sedam.rs“, хармоникашот не само што ја запросил убавата докторка, туку и закажал гала венчавка за почетокот на мај.
Според извор за гореспоменатиот портал, кога Софронијевиќ ја запросил својата избраничка, таа за малку ќе заплачела од возбуда.
Двајцата напролет ќе организираат венчавка во познат белградски ресторан.
– Не ме сфаќајте погрешно, но тоа е моја приватна работа и кога ќе сакам да разговарам за тоа, ќе објавам – кратко рече тој во врска со тврдењето дека се свршил.
– Љубовта е слобода, а сега ја имам мојата слобода. Среќен сум и не би зборувал многу за тоа, сакам да го задржам приватниот живот само за себе, но без љубов не се живее. Ние сме многу сериозни, но полека. Ќе се дознае кога ќе дојде време. Морам уште малку да ја кријам – изјави претходно Софронијевиќ за „Гранд“.
Фото : printskrin/instgaram/sofronacc