Поранешната членка на групата „Тап 011“ е една од оние жени кои стареат како вино, добивајќи зрелост и убавина со годините, а иако е на прагот на шестата деценија, изгледа подобро од било кога, а доказ за тоа е и најновата фотографија на Гоца Тржан, која ја сподели од егзотична дестинација.
Имено, со својот сопруг Раша, популарната пејачка заминала на сончевите Бахами, каде далеку од љубопитните очи ужива во привлечноста на морето и песочните плажи, а покрај тоа што, судејќи по нивните насмевки и како добро се забавуваат, фотографијата на Гоца Тржан ја открива и нејзината фигура.
Во минијатурно бикини, очила за сонце и сламена шапка, видно задоволна во сопствената кожа, таа му позираше, а многумина забележаа дека освен со витката фигура, таа се пофали и со блескав тен, бидејќи беше без трошка шминка.
– Среќна сум и задоволна со себе, го сакам своето тело, уживам во женските ритуали, но многу вложувам и во својот изглед – изјави еднаш Гоца на тема негуваниот изглед, а многумина се согласуваат дека нејзиниот партнер четиринаесет години помладиот е во голема мера заслужен за нејзиното задоволство кој очигледно го држи како капка вода на дланка.
фото:Инстаграм принтскрин/Гоца Тржан