Радио Милева емотивна

„Бев многу бесна на него“: Тијана Дапчевиќ откри непознати детали од животот на Тоше

„Бев многу бесна на него“: Тијана Дапчевиќ откри непознати детали од животот на Тоше

Пејачката Тијана Дапчевиќ пред ТВ екраните секогаш е располжена и насмеана. Меѓутоа, во емисијата „Реaлна приказна“ на курир.рс зборуваше за најинтимните приказни од нејзиниот живот.

Во емисијата се потсети на нејзиниот пријател Тоше Проески велејќи дека и ден денес не може да прифати дека починал.

-Секој пат ми игра целиот организам кога ќе му го слушнам гласот, бевме пријатели и многу се сакавме. Велат дека времето лечи сè, но не може да излечи сè. Секоја година ми е се потешко, секој јануари кога му е роденден и секој октомври кога си замина. Мислам дека Бог го зема за да му пее горе, Тоше беше ангел. Немам друго оправдување кога ќе почине некој толку млад, вели Тијана Дапчевиќ.

Таа вели дека често му била лута на Тоше бидејќи не ја продолжил музичката кариера затоа што бил на врвот на славата.

-Секогаш се натпреварувавме кој подобро пее севдалинки, секако јас секогаш ги пеев подобро. Секогаш се натпреваруваме и се каравме. Ние се знаевме од детските денови. Кога дојде на натпреварувањето на кое се запознавме јас само го прашав каде научил толку добро да пее. Се сеќавам дека се запиша во средно музичко училште, па јас ги активирав сите врски да се префрли на друг смер, а не на кларинет. Ужасно му бев лута кога требаше да се запише на музичка академија, а не се запиша бидејќи продолжи по патот на естрадата. Сешто му кажав тогаш, дека требаше да биде соло пејач. Се сеќавам, бев ужасно бесна на него. Тој ја научи секоја техника и замина на небото кога беше на врвот на славата, вели пејачката.

За потсетување, Тоше Проески почина во 2007 година на пат за Хрватска, кај местото Нова Градишка.

фото: Горан Десковски/Петар Милошевиќ/инстаграм/toseproeski_/курир.рс

To top