Мегафон

„Бескрајно ќе ни недостасуваш“: Јелена Жугиќ се прости од Билјана Беличанец

„Бескрајно ќе ни недостасуваш“: Јелена Жугиќ се прости од Билјана Беличанец

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје.

МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење.

Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Актерката Јелена Жугиќ преку социјалните мрежи се прости од Билјана.

„Почивај во мир драга Беличанец, во вечноста пронајди го тоа што овде не можеше…Бескрајно ќе ни недостасуваш“ напиша Жугиќ на својот „Фејсбук“.

фото: фејсбук
To top