Радио Милева
вознемирувачка вест

Беше во контакт со сите учесници, а сега е позитивна на корона: Во изолација италијанската водителка на Евровизија (Фото)

Беше во контакт со сите учесници, а сега е позитивна на корона: Во изолација италијанската водителка на Евровизија (Фото)

Големото финале на овогодинешната Евровизија заврши, а светот сѐ уште зборува за најпознатото музичко натпреварување.

Италијанската пејачка и водителка на Евровизија, Лаура Паузини на својот Инстаграм објави вознемирувачка вест – позитивна е на корона вирусот! На водителката и се слошило во програма во живо, но мислела дека се работи за насобран замор, но неколку дена подоцна резултатите покажале дека таа се заразила со вирусот.

За време на гласањето на последната вечер, Лаура буквално исчезна од програмата, за подоцна да објави на социјалните мрежи, објаснувајќи дека и се слошило од голем стрес.

„Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од насобраниот замор, но не беше. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што се  изолирав и сега не можам да патувам“ – ги извести сите на Инстаграм  дека нема да може да учествува на концертот „Амор а ла музика“ на Флорида.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева