Познатата српска старлета Мими Оро се вери на својот 31 роденден.
Токму тој ден ја запроси нејзиниот емотивен партнер, а радосната вест брзо ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
– Во тебе гледам пријател, љубов и сè. Мојот сон го исполни ти, како пријател и сè. Љубовта се случува кога најмалку ја очекувате. Ти благодарам за сите овие години што посакував маж да ми подари прстен, макар и обичен. Ти одбра да биде веренички, иако тоа беше од пријателство и љубов. Ти благодарам Марко што си тука и кога не си, и ти благодарам за сè – рекла Мими со видео во моментот на ставање на прстенот на прстот.
Ти благодарам што си тука, иако не си. Ти благодарам за оваа ноќ иако знам дека нема да бидеш со нас да го прославиме мојот роденден. Знам дека секогаш си тука. Ти благодарам што ми ја разубави ноќта. Марко, не се сомневав во тебе, но не се надевав ни на сето ова. Воодушевена сум. Благодарам – додала Милица со фотографија од торта на која покрај свеќите пишувало: „Само ти!“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Мими Оро