Една од најпопуларните британски хумористични серии од 80-тите и раните 90-ти беше секако серијата „Ало Ало“ што многу генерации ја обожаваа.
Серијата која ја исмејуваше Втората светска војна беше омилена на многу гледачи на овие простори, па репризите секогаш беа дочекани со ентузијазам. Се снимаше десет години, од 1982 до 1992 година, а меѓу ликовите кои ги насмеаа гледачите беа Хелга Герхарт и господинот Флик.
Хелга, која брилијантно ја игра Ким Хартман, беше позната по нејзината љубов да се соблекува и да ја покажува својата секси долна облека, најчесто за да го заведе господинот Флик, кој беше познат по неговото особено одење и по тоа што ја користеше придавката Гестапо во секоја реченица.
Ким денеска го слави својот 71 роденден, а таа улога и понатаму го паметиме. Помина повеќе од една деценија од шоуто со кое Ким Хартман стана секс симбол, а последните неколку години 71-годишната Ким повеќе не глуми, но со задоволство се сеќава на периодот кога ја глумеше Хелга.
– Хелга беше амбициозна и сакаше да му биде девојка на Хитлер, па дури и шпион. Како и сите Германки во серијата, и таа не беше способна за такво нешто. И Хелга и јас сакавме да се однесуваме како секс симболи. Беше забавно и релаксирачко – изјави еднаш Ким.
Со Ричард Гибсон, кој го играше господинот Флика, таа со години изведуваше счови во театрите низ Европа и на сцената зборуваа за нивните кариери. Ким е во брак со актерот Јохан Нолан, со кој ги има синот Том и ќерката Миранда.
фото:Јутјуб принтскрин/ALUCARD / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA