Радио Милева
и се може

Беше продавачка во бутик, а сега глуми богаташка: Џорџина на Роналдо му купи подарок од над 300 илјади евра (фото)

Беше продавачка во бутик, а сега глуми богаташка: Џорџина на Роналдо му купи подарок од над 300 илјади евра (фото)

Џеорџина Родригез добива околу 100.000 евра месечно од Роналдо за воспитување и грижа за децата и домот, напиша своевремено „The Sun“, што всушност е мала работа за Кристијано.

Кристијано Роналдо (37) зад себе имаше неколку тешки недели и месеци. Португалецот остана без работа откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а неговата Португалија испадна во четвртфиналето на Светското првенство од Мароко.

Се почесто се шпекулира дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, а моментално за време на празниците одмара со семејството.

Неговата партнерка Џеорџина Родригез (28) одлучила да го почести за Божиќ со луксузен автомобил Ролс Ројс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Роналдо има огромна колекција на скапи автомобили. Има неколку Ферари од кои секое чини најмалку 280.000 евра, тука се и Lamborghini Aventador, Bentley Continental GT, Porsche 911, Audi R8 и многу други.

Сепак, Ролс Ројс автомобилот кој му го подари неговата сакана можеби е новиот омилен автомобил на Кристијано.

Да потсетиме, Марка минатата недела објави дека Роналдо ќе потпише договор со саудискиот клуб Ал-Насри. За нив би играл до 2025 година, а годишно би заработувал 200 милиони евра.

извор:Инстаграм

Останати вести од Радио Милева