Тој беше еден од најпопуларните српски ТВ водителии. Успешно ја градеше својата кариера со години, а потоа се случи скандал кој неговиот приватен живот му го смени од корен.
Во 2015 година, Владимир Станојевиќ наводно ја претепал тогашната своја свршеница Ана Марија Жујовиќ. Таа во јавноста тврдеше дека поранешниот водител физички ја нападнал, а тој се бранеше велејќи дека само „ја оттурнал во пределот на лицето“.
Ана Марија поднесе тужба против Владимир за физичко насилство, а бидејќи тој не се појави на сослушувањето, по него беше распишана потерница, која важи и денес. Бидејќи Станојевиќ живее во Америка од 2016 година, веднаш штом стапне во Србија, би можел да биде уапсен.
Владимир Станојевиќ живее во Лас Вегас, каде денес работи како домаќин во најпознатите тамошни клубови.
„Јас работам како „менаџер -домаќин“ во најпознатите клубови во Лас Вегас, каде се организираат најдобрите дневни забави на базен. Работам и секоја вечер и раководам со неколку лимузини кои ги превезуваат гостите од хотелот до клубот“ – рече Станојевиќ за „Пинк“.
Покрај тоа, Станојевиќ неодамна се здоби и со диплома – специјалист за дигитален маркетинг, со која се пофали и на социјалните мрежи.
Владимир редовно тренира, а денес е позгоден од кога и да било. Кога станува збор за неговиот имиџ, поранешниот водител веќе некое време носи мустаќи и брада.
Во локалните медиуми имаше гласини дека тој и се оженил во САД, но Станојевиќ таа вест никогаш не ја потврдил.