Една од најомразените личности во Обидинето Кралство, Камила Паркер Боулз стана една од најпознатите личности.
Денес е војвотка од Корнвол и е втора сопруга на принцот Чарлс.
„Немам време да размислувам за тоа дали ќе станам кралица. Тоа не е важно. Живеам од денес за утре и ги завршувам своите обврски. Мислам на своето семејство“ изјави Камила.
Нејзината врска со Чарлс започнала во 1971 година и тој ја запознал со некои членови од кралското семејство. Но, се прекинало кога Чарлс се вратил да служи во морнарница.
Не е познато поради кои причини пуканла врската. Семејството мислило дека Камила не е толку добра за да биде сопруг на идниот крал.
Камила се омажила за Ендру Паркер Болз, а Чарлс се оженил со Дајана во 1981 година. Меѓутоа, набрзо ја обновил врската со Камила. Наводно нејзиниот сопруг ја благословил врската бидејќи и тој имал врски до други жени. Нивната љубов со години беше јавна тајна, но во јавност тоа го откри принцезата Дајана во својата биографија.
Следната година во медиумите се појавил интимен разговор меѓу Камила и Чарлс. Тогаш Чарлс признал дека ја обновиле љубовта.
„Една година не излегов од дома. Се плашев од омразата на јавноста и медиумите кои ме чекаа. Не можев никаде да одам. Времето го поминував во читање и учев да сликам. Децата се однесуваа како се да е нормално“ изјави Камила за „Дејли Мејл“.
Со Паркер има две деца, синот Томас и ќерката Лаура.
„Беше страшно, не му посакувам ни на најлош непријател. Моите деца секој ден ги гледаа фоторепортерите кои се криеа во дворот“ вели Камила.
Откако ја признале врска првпат во јавност се појавиле во 1999 година на роденден кај заеднички пријател.
Една година подоцна, го следела принцот Чарлс на службено патување, а во 2001 година ја запознала кралицата Елизабета. Тоа било знак дека ја одобрува нивната врска.
Потоа почнале да живеат заедно, а по свршувачката во 2005 година анктеата покажала дека Британците се согласуваат со нивниот брак.
Се венчале истата година на 8 април. За нивната венчавка согласнот требало да дадат кралицата Елизабета, Англиската црква и Владата.
Камила вели дека за да сте член на кралското семејство треба да имате силен карактер.
„Воспитана сум никогаш да не се жалам и оправдувам. Не преговарај, заврши го тоа што мораш. Понекогаш ќе станеш наутро и ќе мислиш дека не можеш, но едноставно мораш. Ако си позитивна личност можеш да направиш многу работи. Мораш да продолжиш. Тоа е бритински начин на живот“, вели Камила.
Слободното време сака да го поминува читајќи криминалистички приказни или гледајќи такви телевизиски серии, а многу време поминува и со своите кучиња.