Данијела Враниќ, поранешната „кралица на сплавовите“, која важеше за една од најпопуларните пејачки на нашата естрада, се повлече пред точно десет години од сцената, токму кога беше на врвот на својата популарност. Позната е по хитовите „Воли ме, не воли“, „Да не види она“, „Ти ми ниси сигуран“, „Богата, позната“ и омилената балада на публиката, која ја сними со Ац Лукас, „Нико као ти“, по што започнаа и шпекулации за неговата романса со пејачката.
Данијела отсекогаш беше во фокусот на интересот на сите медиуми, а оваа убавица од Ваљево владееше на сцената и градските локали и прва на сцената го добила прекарот „кралица на сплавовите“. Се шпекулираше и дека е миленичка на жестоките момци, на кои често им пеела на прослави, но во една прилика изјавила и дека остро ги отфрлала нивните додворувања.
„Сакам луѓето добро да се забавуваат на мојот настап, да не прават проблеми и да не предизвикуваат такви ситуации, а токму тоа би се случило доколку секому исполнувам желби и пеам се што некој би посакал“ – изјави своевремено таа.
Поради тоа што често била под стрес и петнаесет години без престан настапувала речиси секоја вечер, почнала да не и функционира тироидната жлезда и и ‘предизвикала хормонално пореметување, поради што пејачката многу се здебелила, па решила да се посвети на здравиот живот и да се бори со вишокот килограми.
Пејачката потоа целосно се повлече од јавната сцена, а последното појавување во јавноста и беше во 2016 година во неколку домашни емисии, додека последните фотографии на својот Инстаграм ги објави кон крајот на 2017 година.
Како што изјавила нејзина пријателка за српски Курир, пејачката сега живее во околината на Ваљево, каде купила куќа и плац и се занимава со земјоделие.
„Таа сè уште не сака да биде во медиумите, па ја купи куќата под друго име, а сега, дали го променила стаусот или некој друг го купил имотот во нејзино име, не сум сигурна“ – рекла нејзината пријателка за Курир.
Фото: Инстаграм принтскрин/Damir Dervišagić