Фановите на Лејди Гага на концерт во Лас Вегас ја нападнале со коментари за Бредли Купер кој пред некој ден раскина со Ирина Шајк.
Фановите на концертот ја вознемириле Лејди Гага до таа мера што им порача да прекинат.
Имено, 33 годишната пејачка испровоцирана од коментари од публиката и прашања каде е Бредли Купер, кој пред некој ден раскина со Ирина Шајк.
„Само една работа, бидете пристојни или од*****…“ порача Лејди на публиката пред да ја отпее „Shallow“, песната која ја изведува со Бредли.
Инаку, во медиумите почнаа да кружат глаисни дека има нешто меѓу Лејди Гага и Купет откако заедно настапија на доделување на Оскарите.
За потсетување, деновиве медиумите пишуваа дека Ирина и Бредли наводно раскинале и дека таа се иселила од домот.