Српската пејачка Андреана Чекиќ во последните неколку месеци често е во центарот на вниманието во медиумите.
Прво, пејачката се најде во медиумите кога објави дека се разведува од нејзиниот сопруг, потоа кога обелодени дека е во врска со оженет маж Марко Милошевиќ, за да на крајот заврши со скандали поврзани со физички пресметки меѓу Марко и Андрена.
Имено, изминатиот период Андреана беше на турнеја во САД, а во медиумите се појавија написи дека наводно парот физички се пресметал.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/svrshenikot-i-menadzer-na-andreana-chekikj-na-turnejata-niz-sad-srede-lokal-ja-pluknal-pejachkata-v-lice-i-i-ja-iskinal-maichkata-pa-ostanala-so-goli-gradi/
Како што пишуваше српски Курир, избраникот на пејачката бил толку неподнослив, агресивен и дрзок кон неа, што членовите на групата и организаторите морале да интервенираат и да ги разделат.
По ова случка, Чекиќ од својот „Инстаграм“ ги избриша фотографии со Марко, а отаму започнаа шпекулациите дека наводно повеќе не се заедно,.
Пејачката вчера се врати од турнејата во САД и беше на концертот на Дарко Лазиќ во „Сава Центар“.
Новинарите ја прашаa да ги прокоментира сите случувања и скандалот за кој се пишува со денови.
„Немам коментар. Не давам изјави за скандалот и за се што се пишуваше. За тоа не сакам да зборувам, не е важно дали дојдов сама или не“ кратко изјави Чекиќ.
За потсетување, Марко ја побара Андреана за своја сопруга на нејзиниот роденден.