Радио Милева

Беше бездомничка, помина низ три разводи, а сега се уште мажена го освои актерот со најтажна судбина во Холивуд

Беше бездомничка, помина низ три разводи, а сега се уште мажена го освои актерот со најтажна судбина во Холивуд

Според пишувањата на американските медиуми, познатата актерка Хали Бери “запливала” во емотивна романса со Кијану Ривс.

Иако Бери и Ривс се познаваат веќе со години, страста помеѓу нив настанала во текот на снимањето на новиот филм “John Wick 2” во кој и двајцата се појавуваат.

“Кога започнаа да го припремаат филмот, започна и нивното дружење, а потоа дознаа дека ги поврзува нешто посилно од пријателство”, истакнал извор за списанието “Hollywood Reporter”.

Тој навел дека на Хали многу ѝ се допаѓа фактот што Кијану е мистериозен и целосно приземен маж кој не го интересираат рефлекторите на Холивуд.

И додека медиумите пробуваат да ги дознаат сите детали за новата врска, многумина ги изненади фактот што славната актерка се впуштила во нова романса, со оглед на тоа што официјално сè уште не е разведена од Французинот Оливиер Мартинез.

Наводни, Хали и Кијану пробуваат да ја држат врската во тајност со тоа што на сите начини избегнуваат контакт со новинарите.

За потсетување, 51-годишната актерка зад себе има три брака. Освен со Мартинез, таа била во брак и со бејзбол играчот Дејвид Џастиз и соул пејачот Ерик Бенет, а во 90-тите години беше бездомник.

To top