Актерите Бен Афлек (50) и Мет Дејмон (52) открија дека делеле иста сметка во доцните 80-ти години кога биле тинејџери. И двајцата ја наполниле сметката со пари од улоги и ја користеле за аудиции и играње игри. Во тоа време тие беа цимери и на секој начин си помагаа да успеат во актерската кариера.
– Сакавме да бидеме таму еден за друг. Беше како: „Нема да бидеш сам. Нема да бидам сам. Ајде да го направиме ова заедно – откри Афлек за време на гостувањето во подкастот на Бил Симонс. Мет сепак додал дека било невообичаено да се делат парите.
Се додека еден од нив има пари, знаеле дека нема да им ја прекинат струјата.
– По една улога во Џеронимо имав околу 35 илјади во банка. Му реков: „Мирни сме една година“, изјави Мет.
Актерите додале и дека имаат правила за земање пари од сметката. Десет долари дневно ги користеле за играње игри, а останатите пари за аудиции.
– На крајот си дозволивме да се обидеме да купиме пиво, но тоа никогаш не ни успеа – опиша Дејмон.
30 години подоцна, банката каде што имале сметка е затворена, но Дејмон и Афлек сè уште работат заедно. Неодамна соработуваа на филмот Air во режија на Бен.
– Ми се допаѓа да работам со ова момче. Сакам да се дружам со него – заклучил Афлек.
Фото: Принтскрин/Профимедиа