Мегафон манифестации

„Бела ноќ 2021“ по 17-ти пат во Скопје

„Бела ноќ 2021“ по 17-ти пат во Скопје

Со настапи на уметници и музичари, но и со отворање на изложби и кино проекции, оваа сабота, на 25-ти септември ќе се одржи 17-то издание на „Бела ноќ“. Организаторите известуваат дека поради почитување на мерките за заштита на Ковид-19 ќе биде потребно приложување на сертификат (вакцинација/прележан), а поради запазување на капацитетот и бројот на присутни посетители, ќе важи правилото „прв дојден – прв услужен“.

Градскиот парк, Дом на градежници, Чифте амамот и Младинскиот културен центар се само дел локациите на кои што ќе се одвива културната програма, додека во населбите Драчево и Ченто ќе се одржи „Кино на трева“.

Целосната програма за овогодишното издание на „Бела ноќ“ е достапна со клик на следниот линк: “Бела ноќ 2021”.

To top