Бела Хадид е без конкуренција најбараниот модел на денешницата. Практично нема луксузна модна куќа или дизајнер со кој не соработувала, а нејзиното лице е препознатливо и како ликот на најубавата жена во светот од научна гледна точка.
Да потсетиме, Бела во 2019 година беше прогласена за жена со најсовршено лице на светот, односно онаа која најдобро одговара на таканаречениот златен пресек. Таа е високо позиционирана и на листите на најдобро облечени жени во светот – експертите тврдат дека таа е една од ретките дами кои можат да носат буквално се и во исто време да изгледаат добро.
Тоа што Бела знае како да се носи во различните стилови, покрај специфичната енергија и држење, Бела тоа го должи и должи и на својата витка, совршено затегната фигура. Таа сега сподели видео на Инстаграм во кое ги покажува нејзините атрибути во полн сјај.
На видеото се гледа како манекенката трча по плажа во ситно црно бикини, чиј долен дел е особено предизвикувачки – тоа е танга што се врзува на страна, но предната и задната страна се поврзани со конци тенки како конец! Еден погрешен чекор и Бела лесно би го покажала она што веројатно не го сака во овој костим.
Покрај видеото, Бела со своите следбеници сподели и неколку фотографии во ист костим за капење, на кои се гледа нејзиното извајано тело во различни пози. Јасно е дека убавата бринета практично не излегува од теретана и дека се грижи за исхраната – нема ни трошка целулит и целата е со мускули.
View this post on Instagram
„Неверојатно си жешка“, „Мора да вежбаш дење и ноќе“, „Леле“, „Ти си бомба“, „Ѕвезда се раѓа“, „Единствениот вистински супермодел“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Бела Хадид