Радио Милева
досега невидено

Бела Хадид се соблече гола на модната недела во Париз каде се случи револуција на писта (фото)

Бела Хадид се соблече гола на модната недела во Париз каде се случи револуција на писта (фото)

Бела Хадид и француската модна куќа „Коперни“ се погрижија за вистинско шоу на модната недела во Париз. На крајот од ревијата која ја претстави SS23 Copernicus, Бела на модната писта прошета гола, само во бели гаќички, во еден миг беше опкружена со дизајнери со шишиња полни со бел спреј и внимателно го испрска телото, од рамениците до колената и се формираше изгледот на фустанот.

Но дури тогаш дојде шокот. Како што набргу се испостави, тоа беше многу повеќе од испрскано тело. Бидејќи кога бојата набрзо се исуши, се претвори во вистинска ткаенина и формираше бел фустан, сличен на оние што беа прикажани претходно во шоуто.

Оваа револуционерна техника е дизајнирана од шпанската компанија „Фабрикан“, а станува збор за специјален полимер кој кога ќе се спои со телото станува цврста ткаенина. Но, тоа не е се. Кога ќе се заситите од таков фустан, можете да го стопите во течна состојба и да создадете нешто друго.

Себастиен Мајер и Арнауд Вајан, дизајнери и основачи на модната куќа „Коперни“, веќе ги полудеа зависниците од модата со своите неконвенционални дизајни, а нема сомнеж дека ова ќе стане вистински хит меѓу љубителите на нивниот бренд. Дизајнерите го користеле тој полимер и за својата ташна во форма на јајце, која ја претвориле во чисто злато, а ќе се прави само по нарачка по вртоглави цени.

Во секој случај, нивното шоу, невиден настап кој отвора нови можности не само во модниот дизајн, стана главна вест и сензација на Париската модна недела, засенувајќи уште повеќе популарни брендови.

фото:Shutterstock

Останати вести од Радио Милева