Пејачката и член на жирито на „Пинк ѕвездички“, Наташа Беквалац не ја губи вербата во љубовта по тешкиот емотивен период кој успешно го помина, па овој пат во една изјава кажа дека се надева ќе налета на добар маж.
-Далку сум од тоа да имам мислење дека никогаш нема да се заљубам. Тоа се глупости, жена сум која сака и не може било која ситуација да ме доведе до тоа да изгубам верба во љубовта, да бидам негативна личност која не им верува на мажите. Мислам, тоа се глупости, има добри мажи, како и лоши. Се надевам дека ќе налетам на добрите, вели Наташа.
Беквалац додава дека не планира новиот партнер да го крие од очите на јавноста, како и тоа дека околу неа секогаш се прави некаква фама од тоа што е јавна личност.
-јас ќе си го живеам животот, воопшто немам тактика. Не гледам причина зошто би го криела ако дојде до тоа. Не правам ништо казниво, додава Наташа.