Мегафон Седи дома

#Бекстејџседидома: Вечерва онлајн на Инстаграм во живо со водителката Душица Јаковљевиќ

#Бекстејџседидома: Вечерва онлајн на Инстаграм во живо со водителката Душица Јаковљевиќ

Како што веќе знаете, пред неколку дена и официјално стартуваше кампањата #Бекстејџседидома, на најгледаниот и најпопуларен забавен ТВ магазин „Бекстејџ“, кој ја прилагоди и адаптираше својата програма и содржини во новосоздадените услови на карантин и домашна изолација.

И оваа седмица продолжуваме со #Бекстејџседидома…  Live!

Неделава, понеделнички, на 27. април 2020 година  ја започнаваме  со една од најпознатите македонски музички ѕвезди, атрактивната поп пејачка Елена Ристеска.

Вторник, 28. април 2020 година онлајн на Инстаграм, директно од дома, друштво ќе ви прави Душан Петровиќ.

Среда, 29. април 2020 година онлајн на Инстаграм директно го имавме нашиот фудбалски интернационалец, напаѓачот на италијанскиот „Удинезе“ и македонската репрезентација, Илија Несторовски.

Вечерва, четврток, 30. април,  онлајн на Инстаграм во живо ќе бидеме со познатата српска ТВ водителка, Душица Јаковљевиќ.

Лајвот почнува точно во 20.00 часот, а сите фанови ќе имаат можност да се вклучат во живо, да ги прашаат гостите она што сакаат, а можеби и да ги слушнат како пеат во живо, или пак да изведат нешто во домашни услови.

Затоа, не излегувајте никаде и не пропуштајте #Бекстејџседидома…  Live!

To top