Мегафон гламурозна забава

„Бекстејџ“ одново во етерот: „Дијамантска сензација“ за враќање на ѕвездата! (ФОТО)

„Бекстејџ“ одново во етерот: „Дијамантска сензација“ за враќање на ѕвездата! (ФОТО)

Ѕвездата се врати во Македонија. Најгледаниот, најдобриот и најпопуларен ТВ магазин „Бекстејџ“ повторно ќе го има во македонскиот телевизиски етер. А со тоа и естрадата и естрадните настани, културните и спортски збиднувања, модата, шоу бизнисот… со еден збор сето она што на некој начин е забава и повеќе од тоа одново ќе има свој соодветен телевизиски третман, на еден поинаков, само ним својствен начин кој гледачите ги „лепи за ТВ екранот“!

Враќањето на „ѕвездата“ како што отсекогаш „бекстејџовци“ знаеле да го направат – гламурозно. Овој пат спој на убаво и корисно – враќањето во спрега со јубилејот на еден од најпознатите македонски брендови за долна облека, ноќници, чорапи, хулахопки, пижами, костими за капење… „Сара Фешн“ инивната гламузрозна модна ревија насловена „Дијамантска сензација“.

Прославата во ресторанот Парк ( 13-ти септември 2018 од 20 ч.) во стилот на забавите на „Викторија Сикрет“… само, на македонски начин. Поканети званици, а внатре двојно повеќе од оние што добиле покани… Сите што вечерта излегле во град и слушнале или разбрале дека се случува нешто на споменатата локација – дошле! Оди, па  врати ги на врата, да те видам?

Сепак, она што можеше да се види вечерта беше доволно гламузрозно, за македонски услови. Модна ревија на најрепрезентативното од палетата производи на споменатиот моден бренд, со манекенки  од соседна Србија и најпознатото македонско модно студио „Црнокрак“.

Ревијата замислена по теркот на светските и споменатата „Викторија и нејзината тајна“…

А тајната се состоеше од бенд, жива свирка и две познати македонски музички имиња од помладата генерација – Јана Бурческа и Виктор Апостоловски, кои на пистата заедно со манекенките, изведуваа светски хитови додека течеше модното шоу, кое стандардно добро го водеше Марјана Станојковска.

На крајот од ревијата, кусо спакувана видеосторија за “враќањето на ѕвездата“ со навраќање во минатото, како потсетување за мотивот за враќање во иднината… која на „Бекстејџ“ му  претстои, во следење на настаните на и зад сцената. Овој пат, секој ден по 22.00 часот на „ТВ Канал 5“.

Водителската двојка на „Бекстејџ“ – Миа Костова и Миро Кацаров за крај ги отпоздравија присутните, најавувајќи го официјалниот почеток на рестартот на ов ТВ шоу…

…заедно со Марјана која патем, исто така беше една од водителските ведети на „магазинот од зад сцената“ во неговите зачетоци.

За крај, опуштена коктел забава за сите присутни. Афтерпарти за дружење, размена на мислења, искуства, договори… од секаков вид. Работни и приватни!  До доцна во ноќта! Дијамантска сензација за враќање на ѕвездата… на убаво осмислен начин!

 

 

To top