Мегафон Во ново пакување

„Бекстејџ“ ја продолжува традицијата: Во 11-тата сезона со нова атрактивна водителка (ВИДЕО)

„Бекстејџ“ ја продолжува традицијата: Во 11-тата сезона со нова атрактивна водителка (ВИДЕО)

Најпознатиот и најдолговечен естраден магазин кај нас, кој последниве две години се емитува на Канал 5 Телевизија, влегува во својата 11 сезона. Од 2008та година до денес, Бекстејџ секојдневно ги носи естрадните новости во нашите домови. 11 години по ред Бекстејџ преставува синоним за естраден магазин кој повеќе од една деценија е најгледан телевизиски проект од овој формат, кој е наградуван во републиката, но има добиено и телевизиски награди во регионот. Претпознатлив белег на Бекстејџ цела една деценија беа јавувањата во живо од најголемите музички и филмски спектакли, како Канскиот музички фестивал, Музичкото лудило Егзит, најголемиот европски музички фестивал Зигет, Берлинскиот филмски фестивал, европските и светски првенства во кошарка и ракомет… Бекстејџ остана препознатлив и по промовирање на најголемите музички настани во регионот, промоција на нови музички имиња, традиционален партнер на Македонскиот Народен Тетатар, Македонската Филхармонија и Операта и балетот, но секогаш беше атрактивен и со ексклузивни стории и интервјуа  со ѕвездите од целиот Балкан. Досега во оваа деценија поминааа над дваесет новинарски имиња, кои преку естрадното новинарство денес се профилираа во новинари во информативните радакции, уредници, автори и водители на проекти кои работат во најголемите медиуми во земјава. Но Бекстејџ најмногу беше и останува препознатлив по убавите и атрактивни лица кои секојдневно ги презентираа информациите од прва рака.

Марјана Станојковска, Драгана Чуприна, Симона Станковска, Мартина Михајловска, Миа Костова, Снеже Велков се само дел од комбинацијата на млади од една страна и искусни од другата, кои беа препознатливите лица на естрадниот магазин број еден. Од оваа 11 сезона, на Миро Кацаров  друштво ќе му прави младата Барбара Ракичевиќ, која ја продолжува Бекстејџ традицијата на ново медиумско лице во земјава! Таа доаѓа во Бекстејџ од понеделник, како средношколка во Орце Николов, вонсериски талент за пеење и музицирање, но и како ќерка на популарната водителка Мелита Ракичевиќ.

„Лесно е да се игра на сигурно. Бекстејџ е препознатлив по тоа што профилира нови водителки во медиумите. Ако било така изминатите десет години, не гледам зошто и во единаесеттата не би се држеле до традицијата. Со Бекстејџ израснаа многу генерации, природно е млади лица од некои нови генерации да го наследат брендот. Со искусните подготвуваме нови форми на нивна присутност во емисијата. Наскоро, ќе има многу новини во емисијата па ќе биде вистинско освежување да се видат“ – вели Ева Јакимовска одговорен уредник на Бекстејџ

За почеток на новиот старт на 11 сезона од понеделник на Канал 5, Барбара Ракичевиќ и Миро Кацаров направија нова фотосесија со познатиот фотограф Бојан Стоилковски. А комплетно новиот дизајн со старото познато лого ќе го краси и новото студиона емисијата. Да се надеваме дека и во новата втора деката Бекстејџ ќе остане препознатлив естраден магазин број 1.

To top