Радио Милева виде како е од другата страна

„Бекстејџ“ ја стави на тест сама да си провери колку е позната: Агнеса Органџиева почувствува како изгледа да го држиш в рака пред непознати микрофонот! (ВИДЕО)

„Бекстејџ“ ја стави на тест сама да си провери колку е позната: Агнеса Органџиева почувствува како изгледа да го држиш в рака пред непознати микрофонот! (ВИДЕО)

Познатите личности или барем оние кои се медиумски експонирани и на некој начин стануваат дел од јавниот живот неретко и немаат претсатава за себе и за тоа колку се познати, славни, популарни… Некому славата преку ноќ му удира в глава,  други пак и по долги години  медиумска експонажа и во последно бвреме секако по социјалните мрежи остануваат приземни, без ниту малку да летаат во облаци.

Сепак популарноста е променлива, и минлива категорија, па некој некогаш е повеќе, некогаш помалку популарен, но велат дека кога еднаш ќе станеш познат, познат остануваш за цел живот. Само што до таа фаза малку потешко се стигнува, зашто популарноста стекната со будалаштини е „чудо за три дена“, а онаа создадена со кретивност, упорност, труд, работа, талент и знаење е трајна! Разликата е нешто како шминка за една прилика и трајна тетоважа!

Агнеса Органџиева нема јавна професија, па затоа за некои е  старлета, за други пак трендсетерка, за трети инфлуенсерка… Или што би рекла самата, позната од непознати причини! Зашто русокосата стана многу повеќе позната по својот бурен развод, отколку по било што друго, но дружењето со познатите, движењето во естраните или џетсетерските кругови и донесе една поинаква популарност. Особено што истата медиумите повеќекратно и ја мултиплицираа(т), секој на свој начин.

Естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ реши да ја стави на тест, русокосата сама да си провери колку е позната. Агнеса Органџиев се согласи, па тргна да почувствува како изгледа да го држиш в рака пред непознати… микрофонот, секако!

Резултатите од нејзниот експеримент за анкетна проверка на популарноста, погледнете ги во видеоприлогот во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

 

To top