Викторија и Дејвид Бекам важат за еден од најскладните бракови во светот.
Нивниот брак успеа да ги надмине сите шпекулации, а деновите прославија 20 години брак.
Тие се венчаа пред точно 20 години, а круна на нивниот брак се нивните деца: Бруклин,Ромео, Круз и Харпер.
По повод 20 годишинината од бракот, Дејвид на својот Инстаграм објави емотивна порака.
„Погледни што направиме за 20 години, те сакам многу“ стои во објавата.
За потсетување, Викторија и Дејвид пред 20 години направија свадбена церемонија која беше наречена свадба на деценијата.
Беа ангажирани вкупно 400 работници за да се биде во најдобар ред.