Викторија и Дејвид Бекам се одмараат во Хрватска со своите деца, а според локалните медиуми, славниот пар престојува во луксузен комплекс во Лопуд.
Таму го прославија и 11-от роденден на својата ќерка Харпер, а на Инстаграм објавија фотографија од прославата. Дубровничкиот весник пишува дека пред комплексот “Лопуд 1483“ каде што престојуваат има и чувар. Тоа е поранешен францискански манастир што го обновила грофицата Франческа фон Хабсбург и денес е еден од врвните локации на Јадранот. Во рамките на комплексот има и Света градина.
Изнајмувањето на луксузен комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра. Познатиот пар неодамна посети и еден ресторан на островот Шипан.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа