Откако поминаа повеќе од една недела на Лопуд во луксузно одморалиште, Дејвид и Викторија Бекам ја напуштија Хрватска со своите деца и отпатуваа за Италија.
Имено, папараците ги уловија Бекамови во Нераноа со Сара Фергусон, војвотката од Јорк. Двојката се прости со поранешната сопруга на принцот Ендрју, а потоа седна на ручек во луксузен ресторан.
Според британските медиуми, семејството ја напуштило Хрватска и одморот ќе го продолжи во Италија. Тие потрошиле десетици илјади евра на одмор во Хрватска, што не е чудно ако се земе предвид дека едно ноќевање во луксузен хотел чини 10 илјади евра. Бекамови уживаа во возење со брод и во луксузните ресторани во Дубровник и околните острови.
Познатото семејство беше сместено во францискански манастир од 15 век на островот Лопуд во близина на Дубровник, кој во 2020 година бил претворен во луксузно одморалиште.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/victoriabeckham