Радио Милева брои ситно

Бебето само што не пристигнало: Шехерезад направи бајковита забава пред породувањето (фото)

Бебето само што не пристигнало: Шехерезад направи бајковита забава пред породувањето (фото)

Aктерката Бергузар Корел или позната како Шехерезад брои ситно до породувањето и едвај чека да стане мајка по третпат.

Таа е пресреќна, бидејќи после два сина ќе добие ќерка.

Бидејќи се ближи раѓањето на девојчето, актерката организираше „baby shower“. Идната мајка не се штедеше во подготовките за овој важен ден.

„Никогаш не сум имала таква прослава со моите два синови до денес. Ова е ден за кој што сите копнеевме година и половина, сонувавме за ден со многу розова боја, многу смеа и што е најважно – сите да бидеме заедно. Во текот на првата година на мојот син Хан, додека јас сум во последната бременост, постојано бевме осамени, затоа што периодот се совпадна со пандемијата“. Напиша актерката покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)


Од приложените фотографии може да се забележи дека таа не ја тргнува насмевката од лицето, па сигурно уживала во друштвото на најблиските пријателки, а најави дека ова „baby shower“ нема да е последно и ќе продолжи во иднина да се дружи со другарките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Инаку, Бергузар редовоно објавува фотографии на својот „Инстаграм“ и споделува со своите следбеници моменти од нејзината бременост. Неодамна, таа објави дека се вакцинирала со втора доза на вакцина за заштита од корона во 36-та недела од бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Шехерзад и Онур по два сина, Али и Хан, сега очекуваат девојче за кое го одбраа името Лејла.

фото: инстаграм/бергузар корел

To top