Радио Милева
скандал или „надувана“ вест?

Бебето е ново кај Ѓогани, а однесувањето – исто како лани: Медиумот дошол по изјава кај бабата, а новинарката на српски „Курир“ тврди дека Анабела физички ја нападнала!?

Бебето е ново кај Ѓогани, а однесувањето – исто како лани: Медиумот дошол по изјава кај бабата, а новинарката на српски „Курир“ тврди дека Анабела физички ја нападнала!?

Луна Ѓогани се породи, нејзината мајка – пејачката Анабела Атијас ја доби внуката Миа, но приноовата во семејството не ја сменила многу кога станува збор за нејзиното скандалозно однесување – пишуваат дел од српските медиуми. Наводно, баба Анабела ја нападнала новинарката на српски „Курир“, Ана Денда пред својата зграда, ја турнала и и’ го грабнала, па фрлила телефонот.

Имено, новинарката на дневниот весник дошла ден потоа откако Анабела стана баба пред станот во кој таа живее, за да добие изјава околу Луна и нејзиното бебе.

Сепак, Анабела не била расположена да коментира ништо. Во еден момент, таа започнала да претура и по контејнерот, што новинарката го забележала со својот  телефон, поради што Атиас започнала да дивее и според зборовите на новинарката, физички да ја напаѓа Ана.

Лутата пејачка била во друштво на, како што се вели, кумот С.Т. кој наводно во еден момент ја грабнал новинарката од зад грб и ја држел, додека Анабела и го грабнала телефонот од рака.

„Кога излезе од зградата, се приближив до автомобилот во кој седеше и побарав изјава, што таа ја одби. Се повлеков накај зградата кон скалите, а таа и мажот отидоа да копаат низ контејнерот и да го извадат ѓубрето, го бараа клучот. Почнав да снимам. Кога се сврте, сфати дека ја фотографирав. Таа налутено се приближи, побара да се избрише снимката, што сакав да го направам во тој момент,но таа  ми го грабна телефонот од раце“ – рекла новинарката и додала:


„Успеав да си го земам мојот телефонназад, а потоа таа го замоли нејзиниот кум да ме држи, па тој ме зграпчи одзади. Повторно ми го украде телефонот, па во таа прилика таа ме изгреба и ги бришеше сите нејзини фотографии, додека тој ме држеше цврсто за цело време. Потоа  Анабела ми го фрли телефонот на земја и ми рече: „Е сега, ајде да направиме интервју“, на што јас се оддалечив од влезот“ – раскажала новинарката.

Инаку, дел од српските портали опишувајжи го настанот, пишуваат и дека ова не е прв пат Анабела да се однесува, како што се наведува  „дивјачки“, зашто и претходно влегла во конфликт со новинари, на кои им се закануваше. Исто така, за време на нејзиното учество во реалното шоу „Задруга“, таа неколку пати влегуваше во физички конфликти со другите учесници, како и со  ќерка и Луна и сегашниот зет, Марко Миљковиќ.

Да потсетиме, Анабела ја шокираше јавноста кога и удри шлаканица на нејзината ќерка во ова ријалити и ја влечеше за косата, додека Марко го шутна, по што дивееше околу Белата куќа!

Фото: Инстаграм принтскрин/anabelci

Останати вести од Радио Милева