Од денеска, среда, 22 јули до недела, 26 јули ќе се одржи третото по ред издание на „Beach Film Festival 2020“ на плажата Св.Стефан во Охрид.
Покрај официјалната филмска селекција, дел од програмата ќе бидат предавања, работилници и македонски студентски филмови.
На 23.07.2020 (четврток) во 21.00 часот ќе се одржи проекција на брод како дел од проектот European Film Challenge, поддржан од Креативна Европа МЕДИА.