Анастасија топлите денови ги поминува на Ибица со својот партнер, фудбалерот Немања Гудеља, каде ужива во сонцето. Taa со своето момче се препуштија на шармот на Шпанија, а колку уживаат секојдневно покажуваат на Инстаграм.
Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил редовно споделува детали од своето секојдневие со обожавателите, а одново и одново покажа дека ужива на егзотичната дестинација. Имено, таа објави фотографии од приватниот базен сместен во апартман на луксузен хотел и позира во шарен костим за капење.
Додека пак, фудбалерот на Севиља објави емотивни фотографии со својата девојка, а нивните изрази на лицето покажуваат колку се сакаат и дека нивната љубов е силна. Анастасија седи зад него и го прегрнува, додека тој не ја трга насмевката од неговото лице. Овие фотографии открија и какви тетоважи има Гудељ на своето тело, а под нив имаше доста коментари.
– Љубов која ќе трае вечно. Бидете среќни сто години! Колку убав пар. најхармоничен пар! Засекогаш заедно во добро и во лошо. Нека трае, Тасо, вечно. И двајцата сте убави, совршен пар – ова се само дел од коментарите.
Инаку, двајцата веќе некое време се на море, а со нив е и возачот на фудбалерот Рашид. Пред тоа сите заедно го посетиле Требиње. Секој ден го поминуваат на еден од најубавите шпански острови, а ги посетуваат и најпознатите клубови од каде објавуваат слики на Инстаграм.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ