Базар на вино и ракија, промоција и дегустација на вино и многу други настани се дел од неколкудневната програма, што во чест на заштитникот на лозарите и винарите, верскиот празник „Свети Трифун“, ќе се реализира во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, информираа за агендата за одбележување на празникот, кога традиционално, симболично се закројуваат виновите лози.
„На програмата се изложби, поетско читање, промоција на книга, музика и фолклорен фестивал. Општина Кавадарци и оваа година со пригодна програмa во соработка со културните институции, го одбележува празникот во деновите од 12-ти до 15-ти февруари, а централниот настан е на 14-ти февруари“, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму најавија и други интересни содржини на денот на виното, чувар на лозјата и заштитник на лозарите.