Паул Бурел беше батлер на принцезата Дајана, а сега откри детали од писмото во кое таа зборува за очекувањата од синовите Хари и Вилијам.
Бурел на „Инстаграм“ објави детали од писмото кое принцезата Дајана го напишала пред смртта, а во кое го подржува своите синови.
„Додека Меган, Хари и Арчи започнуваат нов живот, тоа ме потсети на зборовите кои принцезата Дајана ми ги напиша пред неколку години. Тоа се зборови на мајчинска безусловна љубов“.
„До смрт ќе ги сакам своите деца и се надевам дека семето кое го посадив ќе расте и ќе им ја донесе потребната сила, знаење и стабилност“ пишува во објавата на батлерот на принцезата Дајана.
Паул прво ја служеше кралицата Елизабета, а потоа и принцезата Дајана.