Анастасија Ражнатовиќ, која пред десет дена доби снаа, открива како Богдана и Вељко се однесуваат во привите денови од бракот.
-Таа веќе повеќе од една година живее кај нас. Веќе ни влезе под кожа. Сега тоа е нејзина куќа, се е онака како што беше и претходно, само сега е официјално. Одлично се согласуваме, таа е навистина супер и добра девојка, вели Анастасија за снаата.
-На Вељко му требаше жена која ќе го скроти. Шега на страна. Супер се согласуваат, тој е толку заљубен и приврзан за неа, открива Анастасија во емисијата „Премиера“.