Пред околу еден месец, поранешната сопруга на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска, на српскиот пејач и ријалити учесник, Ненад Маринковиќ-Гастоз, преку Инстаграм му понуди заедничка дружба во кино.
Оттогаш не помина многу време, а Гастоз не чекаше за да се збилижи повеќе со македонската убавица или пак таа со него?!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gaztoz-i-se-namerachi-na-eks-soprugata-na-daniel-kajmakoski-a-i-taa-za-nego-imashe-ponuda-koja-go-iznenadi/
Тој изминатиот викекенд имаше настап во Скопје, а Кристина заедно со своите пријатели имаше јасна агенда за забава.
Дали имале време за кино дружба како што се договорија претходно, не знаеме, но сигурно е дека се дружеа, а фотографиите таа ги објави на социјалните мрежи.

Фановите веднаш им испратија симболи со срциња, а еден од коментарите беше дека „се навистина добар пар“. За оваа прилика манекенката се одлучила за секси издание сочинето од сако, куси панталончиња и впечатливи црвени чизми над колена.
Иако Кристина минатиот пат на следбениците им вети дека кога непосредно ќе се сретнат со Гастоз, ќе открие од каде се познаваат и каква е нивната релација, сепак ветувањето не го исполни, барем засега…

Инаку, за тоа дека Гастоз и „фрлил мерак“ се пишуваше во медиумите и кога тој и поласка за разголените фотографии каде таа позира во долна облека.