Радио Милева
дует од соништата

„Баш ме брига“: Лила покажа како би изгледало кога би била Антониа Гиговска (ВИДЕО)

„Баш ме брига“: Лила покажа како би изгледало кога би била Антониа Гиговска (ВИДЕО)

Како што е евидентно дека Антониа Гиговска по породувањето дефинитивно се врати на естрадната сцена и тргна да ја освојува и онаа, регионалната, евидентна е и нејзината дружба во последно време со најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска и нејзиниот колега и личен асистент, презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе  „Рола до бола“ Јовановски! Откога, зошто и како – не навлегуваме. Можеби  истиот стилист ги спои пред Антониа да замине на снимање на видеото за „Брига ме“!

Откако прогнозите на прогнозерот се остварија дека Антониа ќе има хит, не помина долго време до новата групна средба на трите познати фаци. И тоа повторна на слична локација, но не и кај истиот лик.

Ово ја пат Лила и Антониа со иста цел – заминаа на надградба. Не телесна, туку онаа на косата, за да стават екстензии и добијат нови физиономии на своите фризури. Откако познатиот „фризерај маестро“ Давитков им ги намонтира, двете русокоси пред да си заминат, решија да направат дует. Или поточно Лила реши на кратко да се престори во Антониа и да покаже како би изгледало кога таа би била на местото на младата пејачка.

Не дека водителката нема пејачко искуство, напротив, многу пред Гиговска има снимено неколку песни и спотови во деведесеттите и нешто малку подоцна, ама ова е нешто друго. Што би рекол поетот: „Што би дал да си на мое место…?“ Па откако Антониа си го запеа својот најнов хит „Брига ме“, Лила по принципот „баш ме брига, еве ме и мене“ и се придружи на младата пејачка.

Дуетот од соништата веднаш профункционира. Можеби не комплетно вокално, ама затоа визуелно изгледа максимално атрактивно! Две рускоси со надградени коси, коктел од искуство и младост, споени во една убавина, како „подарок за очи“ пред Нова Година.

До душа дуетот можеше да заврши и како „дуо-трио“, ама Спасе – Рола сепак реши да не се појави и навреме „се одјави“ за да не ја расипе сликата… За видеото да не добие друга димензија, зашто нему не му вградија екстензија!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska

Останати вести од Радио Милева