Радио Милева бурна реакција

Барбара Бобак сакала да ја напушти емисијата поради Дарко Лазиќ: „Да знаев немаше да дојдам“

Барбара Бобак сакала да ја напушти емисијата поради Дарко Лазиќ: „Да знаев немаше да дојдам“

Познато е дека пејачката Барбара Бобак и стана позната на јавноста поради врската со фолк пејачот Дарко Лазиќ, а нивното раскинување ги изненади сите.

Имено, нејзината популарност драстично порасна за време на врската со колегата, но Барбара сака да го остави тој период зад себе и верува дека кажала се’ кога е во прашање врската со Лазиќ.

Барбара повеќе не сака јавноста да ја поврзува со Лазиќ, а прашањата поврзани со него се повеќе ја мачат, па така беше и овој пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bobak S. Barbara (@barbara.bobak)

Таа сега гостуваше во емисијата „Гранд магазин“ и сакаше да го напушти студиото поради прилог во кој сите наслови кои кружат во последно време се за неа, а се однесуваат на нејзината врска со фолкерот.

Поради ова, Бобак бурно реагирала, па пукнала, неодобрувајќи ја содржината за него.

– Не се подготвував за ваков тип на емисија, да знаев немаше да дојдам, но ќе разговараме после емисијата – изјавила пејачката, а водителката останала зачудена.

– Зошто? – праша водителката.

– За ова веќе кажав апсолутно се’, навистина ми е досадно да зборувам за тоа – рекла Барбара алудирајќи на врската со Дарко.

фото:Инстаграм принтскрин

To top