Мегафон

„Банкрот блуз бенд“ се враќаат на сцената со обработка на темата „Починка“, компонирана на стихови на големиот Блаже Конески (АУДИО)

„Банкрот блуз бенд“ се враќаат на сцената со обработка на темата „Починка“, компонирана на стихови на големиот Блаже Конески (АУДИО)

После 30 години, легендарните – Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.

Бендот направи обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блуз стил. Новиот аранжман го потпишува Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од  „Тра-ла-ла студио“.

Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна“ – порачува бендот, а публиката се радува на нивното враќање на сцената!

Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. Автор на музиката на стиховите на големиот Конески, е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов.

Додека ја чекаме новата кавер блуз верзија на „Банкрот блуз бенд“, слушнете како звучи оригиналот од пред 46 години.

To top