По неколку дена со семејството во вилата на Дедиње, каде сите заедно го славеа Свети Никола, Анастасија мораше брзо да се спакува и да отпатува.
Имено, таа не се вратила во Севиља каде што вообичаено живее со сопругот, туку од Србија продолжила до Дубаи каде го чекал нејзиниот сопруг Немања.
Освен намерата да се одморат, Гудељ не ги прескокна ниту романтичните детали по кои стана препознатлив. Балони, срца, слики со љубовни мотиви…
Младата пејачка на Инстаграм го објави изненадувањето што ја чекаше во хотелот – многу црвени балони, ливчиња од рози на креветот, како и нивните најромантични слики.
Не прецизираа дали слават годишнина или некоја друга радосна вест, но Цеца им посака што побрзо да добијат бебе.
Да потсетиме, Анастасија минатата година го загуби своето бебе во 5-ти месец и тоа многу ја потресе неа и сите нејзини најблиски.
фото:Instagram printscreen/ raznatovicanastasija