За неа се вели дека е дна од најкоментираните, најконтроверзните и најневообичаени личности на 20-иот век, личноста која одбележа една епоха со својот ексцентричен изглед и егоцентрично однесување. Муза на лековерните и несреќните луѓе во 90-тите, секако беше самопрогласената „кралица меѓу пророците“, Душица Илиќ, попозната како „видовитата“ Клеопатра.
Пред да ги насочи своите таленти кон видовитоста и да им се нуди да им помогне на луѓето со своите „натприродни психички способности“, Клеопатра ќе се обиде да се пробие како фолк пејачка. Запаметено е нејзиното интервју од саемот во Рума, каде пеела кај газда Паја Кифлица.
„Јас сум пејачка која, велат луѓето, ја возбуди естрадната јавност, иако не гледам зошто. Луѓето ме сакаат и ме бараат, особено приватните угостители. Ајде да го оставиме сега тоа, ајде да разговараме малку за љубовта. Јас сум слободна девојка, моментално пеам во Рума, кај почитуваниот угостител Паја – Кифлица, па кој сака – нека повели, пеам цел јуни. Што се однесува до сексот и љубовта, сакам секс зошто да не, но, сепак сум невина“ – изјави тогаш Клеопатра.
Долго време се шпекулираше дека самопрогласената пророчица првично била машко, па извршила хируршки зафат за промена на полот. Очигледно, Клеопатра претрпела неколку естетски корекции, а колку се сменила, проценете сами.
Бидејќи не успеа како пејачка, Клеопатра премина на царството на пророштвата, во времето кога тој бизнис цветаше на ТВ екраните во 90-тите години на минатиот век.
Во последните неколку години, Клеопатра ретко се појавуваше во јавноста, но минатата година беше снимена во едно кафуле. Денес изгледа речиси непрепознатливо.