Радио Милева

Бали бег со нов имиџ: Жените прво паднаа во очај, па во екстаза! (ФОТО)

Бали бег со нов имиџ: Жените прво паднаа во очај, па во екстаза! (ФОТО)

Еден од најпознатите турски актери Бурак Озчивит кој важи за еден од оние по кои жените „сечат вени“, инаку   актер кој се прослави со улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман величествениот“ преку ноќ го смени својот имиџ. Имено, шармантниот Бурак ги скрати косата и мустаќите, па таквата фотографија ја постираше на Инстаграм.

Во прв момент неговите обожавателки не беа баш воодушевени, па самиот Бурак кој беше навикнат само на пофалби и комплименти се сочи со коментари од типот: Што си направил? Кај ти е косата? Но набргу, приказната се сврте и се’ си дојде на свое место, па така подмлдениот актер за кусо време насобра повеќе од 8000 лајкови и бројни позитивни коментари од воодушевените обожавателки кои од очај паднаа во екстаза и покрај тоа  што Бали-бег во јуни годинава се ожени со две години помладата колешка, актерката  Фахрије Евџен, со која се запознаа во 2013 година.

To top